
Рајчев: Бил штелуван инструментот за автоматско мерење на брзината на возилото
Недозволената брзина и неисправните сопирачки се причините поради кои автобусот на Дурмо Турс излета од патот кај село Ласкарци, поради што обвинителството приведе шест лица, меѓу нив возачот и сопственикот на компанијата Дурмо Турс. За уште едно лице, обвинителството побара мерка на претпазливост. Според истрагата, возачот возел со 99 километри на час, што е повеќе од дозволената брзина од 80 километри на час.
Инструментот за автоматско мерење на брзината на возилото, бил штелуван, односно возачот манипулирал со тахографот. Уредот за сопирачките исто така бил неисправен за возило од 15 тона, кое превезува патници. Во несреќата која се случи пред еден месец загинаа 15 луѓе. Сашо Рајчев од скопсксото обвинителство ги соопшти деталите.