Радуловиќ во сведочењето за Рекет: Му дадов 150 илјади евра на Боки да купи лекови и гардероба за мојата сопруга

На денешното рочиште од судскиот процес за случајот “Рекет” на предлог на одбраната на Боки 13 сведочеше Александар Радуловиќ, сопруг на Марина Туцаковиќ.

“Со Боки се знаеме 12 години. Прво професионално потоа и приватно. Семејни пријатели станавме. Одевме заедно на одмори, чест гостин ни беше дома. Пред 2 години ни кажа дека ќе отвара телевизија, нам ни одговараше затоа што сакавме да го проширимме влијанието во цел регион. Му дадовме пари за отворање на телевизијата во неколку наврати за да купи опрема и да ја развива телевизијата. Приватно и во овие 12 години му имаме давано пари и не сме склучиле било каков договор писмено” – сведочеше Радуловиќ.
Тој додаде дека последен пат се сретнале  на 21 февруари 2019 во атељето на нивниот  дом, каде Боки дошол со мајка му и кумата. На оваа средба се договориле за набавка на лекови за сопругата на Радуловиќ и облека од Милано која Боки требал да ја плати и донесе.
“Ги нарачавме и резервираме лековите во клиника во Милано и тоа терапија за 6-7 месеци. Многу скапа терапија” – подвлече Радуловиќ.
Според него, во Боки имале доверба, тој требал да отиде да плати и да ги донесе. Му дале  малку поголема сума и тоа што му требало за по пат пари.
“Само лековите чинеа 12 000 eвра месечна терапија, за гардеробата не знам колку пари ама и тоа беше скапо” – сведочеше Радуловиќ.
Парите вечерта му ги дале кај нив дома, лично на рака тој му ги дал, вкупно 150 илјади евра.
Радуловиќ во својот исказ не кажа колку пари му дал на Боки за телевизијата. Освен писмената изјава, нема договор или материјален доказ дека му дале пари на Боки за телевизијата.
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ