Радово – Село со доминатно католичко население

Радово, село од околу двесте куќи сместено во центаралниот дел на општина Босилово. Се наоѓа во рамната и плодна струмичка котлина. Тоа е едно од двете села во земјата во кое католицизмот е доминатна веросиповест на населението. Другото село е Нова Маала, исто така во струмичко.

На центарот во селото не пречекаа група жители кои штотуку завршиле со утринската служба во црквата. Храмот свети Илија е нов, едвај дваесетина години е изграден. Но имаат и стара црква, која била изградена кога се доселиле од  Егејска Македонија.

Целото македонско население во Радово се доселило за време на балканските војни од кукушкото село Алексово. Ова е редок пример цело село да се префрли од една држава во друга. Жителите велат дека тоа е само еден од доказите дека се поврзани и сложни.

Уште за време на доселувањето, на почетокот на дваесетиот век, туку живеело турско населеление. Подоцна, голем број семејства се иселиле, така што денеска овде живеат само дваесетина жители. Но во Радово сите се исти. Заедницата функционира без проблеми.

Католиците во Радово се организирани за дочекот на папата во државата. Четири автобуси и околу 350 верници од селото ќе присуствуваат на светата литургија на плоштадот. Најбројни се младите, а возрасните се горди што родното село на бискупот Киро Стојанов ќе биде дел од еден историски настан.

Сузана Мицева

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ