Радарите престанале да работат – инцидентот за кој Владата расправала зад затворени врати

Владата била запознаена со состојбата во М- НАВ и на последната седница дискутирала за инцидент поврзан со функционирањето на институцијата но информацијата е класифицирана и не е достапна за јавноста.

Ова денеска го потврди и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој не прецизираше дали станува збор за инцидент внатре во М- НАВ или пак инцидент со воздухоплови.

Неофицијално,Телма дознава дека инцидентот кој го наведе министерот Спасовски всушност е прекин на работата на радарите и за тоа во oбвинителството веќе се води постапка.

Од Владата и денеска не соопштија во кое својство ген секот присуствувал на средбите и при склучувањето на договорот за набавка на систем за контрола на летање ниту пак доставија документ или заклучок за негово евентуално задолжување да работи на овој случај.

Според нашите извори на состанокот од кој протекоа аудио снимки покрај Рашковски присуствувале уште седум лица.

Интересно е што тендерот кој го добива италијанската фирма „Леонардо“ го нема на официјалниот сајт на ЕБОР, која ги донира средствата, ниту на бирото за јавни набавки.

Она што е познато е дека ЕБОР во 2012 година ќе најави кредит од 11,1 милиони евра за моденризација на М-НАВ преку набавка на нова опрема и нов систем за контрола на летање.

Средствата се одобрени во декември 2013 година и целата постапка е во четири фази со прецизни рокови  – распишување на тендер, избирање на најповолен понудувач, старт на операциите и финиш. Досега се завршени две.

Според информациите на ТЕЛМА, во игра биле три фирми италијансата „Леонардо“, шпанската „ Индра“ и фирма од САД која веднаш се повлекла.

Тендерот во висина од 7,7 милиони еврараспишан во 2015 година го добива „Леонардо“ две години подоцна а според информациите на ТЕЛМА шпанската фирма дала пониска понуда но сепак не била избрана.

Неофицијлано разликата била во цената дадена за изведба на градежни работи додека за АТМ системот за контрола на летање цената била иста.
Според снимките кои беа објавени во јавноста, тендерот е склучен откако изминал предвидениот рок.

Опозициската ВМРО – ДПМНЕ денеска до обвинителството достави кривична пријава против Рашковски и побара да му биде изречен притвор.

Рашковски за утре најави прес конференција на која на јавноста ќе и ја презентира комплетната документација за набавката и случајот.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ