
Работниците во текстилната и кожарската индустрија се најмногу дискриминирани
Работниците во текстилна и кожарската индустрија и понатаму се најнезаштитените, без синдикални организации единствена надеж им е граѓанскиот сектор. Штипското здружение Гласен Текстилец и овој месец во два случаи нотираат кршење на работничките права. 50 тина работнички, кои се пред пензија од една компанија се жалат дека договорите не им се продолжуваат. Се истражува дали намерата е не не им се исплати отпремнината или навистина странскиот партнер си заминал. Во вториот случај се следи ситуацијата во компанијата, што веројатно ќе оди во ликвидација.
Во приватниот сектор работниците се соочуваат и со дискриминација, но ретко кој е храбар да пријави и достави претставка до Комисијата за антидисриминација.
Комисијата најголем дел од претставките кои ги добива се од областа на работните односи, а најголем дел се однесуваат на политичката дискриминација, се жалат и родители на деца со посебни потреби и бремени жени. Сепак најголем дел од претставките се од државните службеници, кои се сигурни дека синдикатот и законот ги штити.
Граѓанскиот сектор кој работи со работниците го чека и новиот закон за работни односи, кој се очекува по Претседателските избори да се усогласува меѓу сите страни и во него да се ставени и забелешките на активистите.
Викторија Димитрова Јованова