Работниците сеуште гинат незаштитени и необоучени

Градежен работник, полицаец, војник, вработен во идустријата или рудар. Разлчини професии, но заедничко на овие професии е што во Македонија сеуште се повредуваат и гинат на работното место, а работодавците избегнуваат да им обезбедат услови за работа. Синдикатите гласно говорат, а инспекторатите премалку казнуваат, заклучува Милан Петковски претседателот на здружението за заштита при работа. Благодарејќи на тепачките во Собранието за прв пат во годишните забелешки се најдоа и медиумските работници. На 27 април лани останаа незаштитени на работното место, не обезбедени, а нивниот живот загрозен.

Новиот тренд кај големите фирми изгледа вака: подобро да ги избегнам судовите и да исплатам пари на повредениот работник, отолку да го обочувам и заштитам на работното место, а потоа тој да смени работа или професија, вели Пецо Ристевски од синдикотот на рударите и вработентие во индустријата.

Законот за безбедност при работа е по европски пример, но со македонска контрола, која често затајува. Но, не можат толку редoвни контроли да извршат надлежните инспекторати колку што можат совесните работодавци да ги заштитат и обучат работници. Закони постојат, потребни се договарања меѓу работникот и работодавецот, а државата единствено да надгледува.

158 несреќи, третина во Скопје, 24- ца загинати, но и 500 дена без жртва во рударските тунели.

Во 2016-та работниците гинеле во помал број. Но, и лани и оваа година и откако постои независна Македонија, и покрај заложбите на синдикатите и очекувањата на работниците, државата не изработи официјален регистар на опасни заболувања во секоја професија. Многумина од работниците умираат полека, а причините никогаш не се дознаваат.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ