Работниците да не потпишуваат празни листови, ниту пак спогодбени откази

Работниците да не потпишуваат празни листови, ниту пак спогодбени откази, апелираше денеска Кристина Ампева од Гласен Тестилец. Првите вакви случаи се забележани и во странските компании, но и во текстилните фабрики. Ваквите измами за  работниците ќе значи да немаат никаква правна , а работодавците сепак ќе добијат државна помош. Ампева вели дека до трудовиот инспекторат е реагирано и за случаи откако работнички кога отишле на лекар дознале дека работодавците ги одјавиле. Побара Владата под итно да побара список од Агенцијата за вработување и да се виде точната бројка на вработени во реалниот сектор.

Невладината Гласен Текстилец побара сите фирми каде ќе се утврдат вакви неправилности да се  избришат од листата за државна подршка како дел од мерките за справување со корона вирусот. Дел од компаниите веќе ги испратија работниците на колективен одмор, но тоа не е и случај кај поголемиот дел од компаниите во Штип. На терен се покажува дека добра работа е што реалниот сектор почна да ги презема сите мерки за заштита на работниците, во поголемиот дел од автобусите нема метеж, а работниците користат заштитни маски. Сепак од Гласен Текстилец сметаат дека е време сега да се даде вториот дел од годишниот одмор за минатата година, со цел Ковид 19 да не влезе во фабриките.

Компаниите од источниот регион  во услови на пандемија се вклучија во акција за шиење на маски, а делчевска компанија изработи 200 пластични визири за здрваствените работници во земјава.

 

Викторија Јованова

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ