Работните тимови за СЈО се уште не се формирани

Работните групи за текстот на Законот за јавно обвинителство не се формиррани, и покрај фактот што по вчерашната лидерска средба Заев и Мицкоски најавија дека од денеска тие интензивно ќе почнат со состаноци. Неизвесно е и во каков формат ќе заседаваат и дали ќе бидат вклучени и партиите на Албанците. Од СДСМ велат дека нивната група ќе ја предводи Министерката за правда, Рената Тренеска Дескоска, додека ВМРО-ДПМНЕ најави повеќе детали за среда. Во перидот кој следи треба да се работи на обезбедување 2/3 мнозинство за гласање на законот со кој ќе се крои судбината на СЈО. Алијансата за Албанците нема да даде подршка затоа што според нив сето ова е само фарса и политичка игра.

Незадоволна од работата на СЈО е и Беса.

Незивесна е и подршката на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, како и на ДПА, особено по пресудите на Мендух Тачи и  Бедредин Ибраими во случајот „Титаник 2“. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашната средба со Премиерот Заев побарал да се прошири опфатот на делата кои ќе ги гони СЈО. Нема доверба во Катица Јанева и нејзиниот тим поради, како што вели, селективната правда.

Премиерот Заев вели дека со законот мандатот на Јанева трае до март 2020 година. Очекува конструктивност и подршка од најголемата опозициска партија.

Законот за јавно обвинитилство треба да се донесе најдоцна до 21 март заедно со останатите реформски закони кои се услов од ЕУ за добивање датум за преговори.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ