Работнички подобар од градскиот ривал Вардар

Работнички го доби 61. градско дерби против Вардар со 2:1, во првиот натпревар од 21. коло во Првата македонска фудбалска лига.

„Роматичарите“ на самиот старт постигна два гола, преку Себастијан Херера (2 минута) и Виктор Ангелов (6), изненадувајќи го ривалот, а во завршницата играа и со играч помалку, поради исклучувањето на голманот Даниел Божиновски.

Вардар успеа да го ублажи поразот преку Горан Попов кој го постави конечниот резултат на 11 минути пред крајот.

По овој пораз Вардар остана на второто место со осум бода помалку од лидерот Шкендија и е уште подалеку од одбрана на трофејот, додека Работнички со трите бода има 27 и се искачи на четвртото место.

Утре од 14 часот ќе се комплетира 21. коло. Се среќаваат, Шкендија – Академија Пандев, Победа – Шкупи, Силекс – Пелистер и Скопје – Ренова.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ