Пуштена струјата во студентскиот дом „Томе – Стефановски Сениќ“

Денеска студентите во студентскиот дом „Томе Стефановски – Сениќ“ нема да бараат свеќи за да учат. По реакциите за темницата која вчера ја затекнавме, надлежните одлучија да ја пуштат струјата.

“Струјата e исклучена поради неплатен долг. Договороена е динамиката на плаќање и бидејќи беше работен ден и  имаше екипи на терен, струјата е вклучена” – соопшти ЕВН Македонија.

Директорот на овој дом , вели дека денеска активностите во домот се одвиваат нормално.

“Вчера е пуштена струјата во 19 часот, а беше прекината на 22.05.2019 во 14 часот. Од вчера функционираме нормално” – соопшти директорот на ДСД „Томе Стефановски – Сениќ“, Љуљзим Џемаили.

200 млади луѓе сместени во овој дом , неколку дена живееа во темница. Немаа топла вода за бањање, јадеа конзервирана храна и палеа свеќи за да не живееат во целосен мрак. Реакција имаше и од опозициската ВМРО – ДПМНЕ кои велат дека  студентите се оставени на милост и немилост, да се снаоѓаат сами како умеат.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ