
Пукнати штикли, кавга и слушање на првите бомби на судењето против Латас
На сред судење на Драган Павловиќ Латас и пукна штиклата на Обвинителката Фатиме Фетаи. Веднаш и донесоа нови и исти по што таа незабележително ги промени под маса. Но ова не беше малер за СЈО, напротив и покрај тоа што адвокатката и Латас бараа прислушкуваните разговори да не бидат слушани како докази, судот пресече. Првите бомби оддекна во судница за процесот „Тревник“ каде освен Латас е обвинет и неговиот брат за бесправно изградените викендички во Зелениково. Поради ова се скараа Фетаи и адвокатката Анита Бегова а судијката ги смируваше.
Во еден момент Латас посочи дека содржината не го докажува делото и дека бара секој негов соговорник да биде повикан и да каже дали гласот е автентичен. На судијката и рече дека ако има илјадници разговори со него и сите се слушаат како што е и овие 138 кои се докази, тогаш не се работи за судење за бесправна градба туку за да се дознае неговиот живот и дело. СЈО одговори дека сепак мора да се слушнат сите разговори за да се дознае контекстот.
Најголем дел од денес пуштаните разговори се од 2011 меѓу Латас и изведувачот на градежните работи како и меѓу Латас и неговиот брат. Се зборува за големината, квадратурата и пропратните елементи на викендичките а во еден од разговорите се слуша како Латас вели дека дел од ова веќе платил. Одобрението според СЈО е издадено две години подоцна.
„Две илјади евра по договор ти се исплатени, остатокот треба да се видиме за да ти ги дадам на рака“, вели Латас во прислушкуваниот разговорот.
Во еден од разговорите се слуша како Латас сака да гради и стакленик за да одгледува зленчук, но се откажува од изградба на бункер за тоа што тоа би било прескапо.
„Не сум јас толку богат колку што изгледа од страна“, вели во другиот разговор.
Во друг разговор пак со брат му Латас потенцира дека на изградбата на куѓите работат нивни, Вмровци а не Албанци како што прашува брат му за да може слободно да им однесе скара и пиво.
Билјана Николовска