Пукна штикла на Фетаи од СЈО среде судење

Со црна висока штикла, обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи денеска се појави на судењето за случајот Тревник против Драган Павловиќ-Латас и неговите браќа.

На сред судењето и пукна штиклата на Фетаи, по што таа повика нови кои и беа донесени и таа ги промени под обвинителската клупа. Штиклите ги спакува во пластично кесе, а на паузата на судењето на новинарите кои ја прашаа само кратко рече.

-Не знам како ова ми се случи, рече Фетаи.

Одбраната на обвинетите се противи на користење на бомбите како докази во случајот Тревник. Осомничени се за злоупотреби со бесправна изградба на викендички во Зелениково и за предизвикана финансиска штета.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ