Пукање во Бутел, нема повредено

Вечерва инцидент во скопски Бутел. Во едно лице било пукано со автоматско оружје од возила во движење.

Од МВР информираат дека лицето кон кое е пукано стоело на паркинг за автомобили на  „Христијан Тодоровски Карпош“ ,а кон него пукале неколку лица во два автомобили.

Нема повредени, а лицето кон кое е пукано пријавило дека препознал дел од напаѓачите.

Полицијата се уште врши увид на местото на пукањето, а полицијата најави дека по препознавањето ќе бидат приведени и пукачите, а ќе бидат откриени и мотивите за воорушениот напад.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ