
ПЦР тест во државен карантин чини 3.600 денари
Дали да се направи ПЦР тест во странство пред да се тргне назад кон Македонија или пак поради високата цена и времто за чекање да се оди во државен карантин и таму да се направи тестот.
Ова е дилемата која ја имаат голем број на македонски државјани кои го планираат патот назад откако соседните, но и европските држави ги олабавија мерките и ги отворија границите за транзит на патници.
Во Македонија ПЦР тестот на луцата во државен карантин го спроведуваат овластените приватни лаборатории и цената е 3.600 денари.
ПЦР тестирањето во државите во регионот чини различно, од 33 евра во Хрватска, 50 во Србија, 60 во Бугарија, 80 во Босна и херцеговина до 100 евра во Словенија. Во западноевропските држави тестирањето е усште поскапо и се движи од 150 до 200 евра доколку не е покриено со здравствено осигурување.
Протоколот за македонските државјани кои се враќаат во Македонија е задолжителен за сите без разлика на државата која е почетната дестинација и дали станува збор за високо или нискоризична земја и налага на секој кој планира да патува назад да го направи брзиот ПЦР тест, резултатите да бидат негативни и не постари од 24 часа.
Доколку нема тест лицето се спроведува во државен карантин.
Бито е да се напомент дека со тестирање во државен карантин се прологираат роковите па така четириенаесет дневната изолација во домашни услови почнува да се смета од денот кога ќе се добиени резултатите.
Илија Блажевски е студент во Чешка кој планира да се врати во Македонија. Направил ПЦР тест за кој платил 4.000 денари и купил авионски билет преку компанијата „Визер“ но летот е откажан па затоа тој сега ќе се враќа со автобус.
Рутата сам ја планирал а освен информација за задолжителниот тест не добил конкретна помош од дипломатските претставништва.
Владата денеска донесе одлука со која од утре се креваат рампите на границите и македонските државјани ќе може слободно да патуваат во државитре каде што им е дозволен влез.
Огнен Чанчаревиќ