ПССЕ: Да се обезбедат услови за референдум

Коизвестувачите на Парламентарното собрание на Советот на Европа порачаа референдумот за името да биде добро организиран, институциите да не го опструираат, да се обезбедат инклузивни процеси, да се почитува вољата на граѓаните. Лиза Кристоферсен вели дека легитимна е загриженоста и емоционалните реакции, мислењата мора да бидат аргуметирани и дебатирани на мирен и конструктивен начин. Насилството, заплашувањата и реториката која разгорува мора да бидат осудени. Референдумот ќе им даде шанса на граѓаните да одлучат и да ја одредат визијата на  земјата.

Валериј Гилетчи го оцени Договорот како историски кој ќе овозоможи стабилност на регионот. Претседателот на државата не треба да ја блокира работата на легално избран Парламент. И неговата држава Молдавија пред извесно време се соочила со сличен проблем но пресекол тамошниот Уставен суд. За каква одлука станува збор, Гилетчи не сакаше да открие. Потврди само дека деновиве на таа тема разговарал со уставните судии во Македонија.

Двајцата пратеници ќе изготват извештај од посетата на нашата земја и ќе достават до ПССЕ.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ