Првооделенците со помалку часови и повеќе одмор

Бројот на часови ќе се намали. Учениците во прво одделение нема да имаат повеќе од 4 часа дневно. Измените предвидуваат намалување на времето кое учениците ќе го поминат на настава за сметка на зголемување на времето за одмор и игра. Наставниот час за децата од прво до трето одделение ќе трае 55 минути, односно 40 минути за учење и 15 за одмор.

Во прво одделение ќе има 6 предмети: Општество и природни науки ќе се спојат во еден- светот околу нас, а ликовно и музичко образование ќе се интегрираат во предмет уметност. Покрај овие два првачињата ќе учат и македонски јазик. Математика физичко и англиски јазик. Домашните задачи ќе се заменат со вежби на часовите а  ќе се редуцира и  примената  на тестовите , односно повеќе ќе се оди кон непосредна проверка и интеракција со секое дете. ЦЕлта е со помалку да се постигне повеќе, и да им се олесни на учениците кои се  според министерката Дескоска исклучително оптоварени

Измените предвидуваат учебникот да го загуби монополскиот статус во наставата бидејќи ќе има повеќе извори на учење. Наставникот сам ќе одлучува преку кои активности и во кои термини ќе ги реализира целите. Овој кадар веќе нема да има обврска за секојдневни писмени подготовки, но се задржуваат неделните и годишните подготовки. Во зависност од начинот на кој ќе се одвива јавната дбата за овие измени, примената ќе почне  веќе од септември  или во неколку пилот училишта.Со усвојувањето и примената на новите наставни планови, повеќе нема да важи наставната Кембриџ-програмата, но адаптираните учебници од Кембриџ за прво одделение ќе може да конкурираат заедно со учебници од домашни автори ако соодветствуваат на новата наставна програма.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ