
Првоодделенци во еко-акција во парк
Посетителите заминуваат, но ѓубрето останува. Градскиот парк во Скопје преку викенд се претвора во депонија. За да ја подигнат свеста кај граѓаните, првачињата од основното училиште Коле Неделковски денеска го собираа ѓубрето низ паркот. На ваков начин тие го одработија пропуштениот час заради високото аерозагадувањето во Скопје. Не остнаа во училишните клупи, наставата ја одржа во парк, но наместо во играње, времето го поминаа во чистење на ѓубрето.