Првомајски протести по 4 години прекин

Под црвеното знаме со работнички химни се слави трудот и се бараат работничките права дефилирајќи низ  улиците на Скопје. „Патиштата се различни, а целтта е иста“  по 4 години пауза Сојузот на синдикати со ова мото излезе на протест пред пред собранието и владата.

Во колоната прединачеа синдикалните функционери – зад нив работниците.  Старите проблеми бараат да ги реши новата влада.

Додека едни ги критикуваат за законските измени како ќе се оди во пензија, дел од работниците се уште трпат мобинг. Постои закон, но не се почитува од “големите газди“, велат обесправените.

Првомајскиот протест доби поддршка и од новинарите, работниците во културата, и научната фела.

Еден по еден маршевите зпаочнува и завршуава пред владата. Конфедерацијата на синдикати во сопствена режија истовремно се најде пред Владата со протестот на политичката партија „Левица“.

Синдикалците се најавија во Владата дека ќе донесат 15 барања, чин со кој го окончаа протестот. Премирот Заев ги дочека, но откако полицијата ги запре и претресе што пак предизвика револт кај синдикалците.

Протестите доаѓаат откако завршија превирањата, меѓусебните обвинувања и кривичните пријави во најголемото синдикално тело. Претходникот на Дарко Димевски, Живко Митревски, протестите ги стави во мирување, уверувајќи ја јавноста дека тоа не помага во преговарањето со Владата и работодавците, а тоа беше и една од критиките на сегашнотот раководство за неговото гушење на синдикализмот за потребите на претходната власт.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ