Првите амнестирани во понеделник ќе излезат од затвор

Од понеделник се очекува да излезат првите амнестирани затвореници од затворите во целата земја. Најголем број се и од најголемиот затвор во Идризово.

Според податоците од Управата за извршување санкции од околу 1 600 затвореници кои моментално се наоѓаат во Идризово, целосна амнестија ќе добијат 435 додека делумна 1050.

Законот за амнестија е објавен на 18-ти јануари во Службен весник, но ќе важи осум дена по излегувањето, што значи од петок. Во меѓувреме затворските управи ги изготвуваат барањата за затворениците кои се опфатени со законот и треба да бидат испратени до судовите кои ја донеле првостепената пресуда за секој затвореник пооделно.

Судовите во рок од пет дена ќе одлучат по барањето за амнестија. И додека истекуваат роковите за големата амнестија власта и опозицијата се уште се расправаат што ќе донесе излегувањето на голем број криминалци на слобода. С

поред опозицијата потои опасност од зголемување на криминалот. Министерот пак за внатрешни, Оливер Спасовски смирува.

Инаку Владата сметаше дека е неопходно да се донесе ваков закон за да се растеретат преполните затвори во кои условите се катастрофални.

Со него не се опфатени осудените на доживотен затвор, за убиство, за местење избори, за силување и сторители на кривични дела против државата.

Оние кои се осудени до шест месеци целосно се ослободуваат, на оние пак кои се осудени над шест месеци затвор казната им се крати за триесет проценти.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ