Првите амнестии можно е да се донесат до вечер

Првите амнестии можно е да паднат до вечер. Ова во изјава за Телма го потврдува претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев, кој вели дека за дваесетмина од вкупно шеесет и четирите барања обвинителството веќе се изјаснило дали треба да има амнестија или не. Какво е мислењето за сега не открива ниту претседателот на судот ниту обвинителката, но се очекува до крајот на денот сепак да бидат донесени првите амнестии.

Она што деновиве се отвори како прашање е кој ќе одлучува дали судијата Добрила Кацарска или судот претставен од други тројца судии. Таа одби да ги амнестира оние кои ги суди и најави дека ако претседателот пресече спротивно од нејзиниот став тогаш таа ќе бара да биде изземена од случајот за „Крвавиот четврток“. Џолев сега ја смирува пинг-понг ситуацијата меѓу Кацарска и Советот, но сепак не открива кој ќе ги потпише решенијата.

Никаде не е дефинирано, ниту пак законодавецот има толкување со кое оваа обврска формално се врзува со конкретниот совет, како и тоа дека во конкретниов случај се отстапува од досегашната пракса на пропишување на обврската за одлучување за примената на амнестијата на Кривичниот совет, напиша денес и Коалицијата – Сите за правично судење. Според здружението сосема е разбирливо негодувањето на судечкиот совет. За оние  обвинети кои барале амнестија, а ќе добијат негативни решенија е предвидено рок од три денови за жалба, обвинителството пак нема право на жалба.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ