
Првиот состанок на координативното тело за помирување ќе се одржи следната недела
Првиот состанок на координативното тело за помирување ќе се одржи следната недела- можно е вторник или среда бидејки понеделник и четврток тоа не го дозволува собраниската агенда, вели пратнеичката Фросина Ременски, која заедно со Емилија Александрова се копретседателки на телото кое е составено од 20-тина пратеници и ќе работи врз основа на консензус. Ременски вели дека на првата средба треба да се утврди рамката во која ќе дејствува телото и според неа, не треба да се очекува закон за амнестија по секоја цена.
- Процесот на помирување не е само прашањетоа за 27 април туку широк процес на повеќе нивоа. 27 ми е настан што треба да го дебатираме и не мора да значи дека ке резултира со зкаон за амнестија. Може од работата не телото да произлезат обвирски или препораки за институции. Помирувањето не е само да се помират партиите, туку и народот да се помири, вели Фросина Ременски, пратеник од редовите на СДСМ.
Ременски но, и други пратеници од очекуваат најголемата опозциска партија да го промени ставот и да се вклучи во рабатата на телото бидјеќи без нивно учество не може да се очекуваат целосни резулатит во помирувањето. Но координаторот на пратеничката група на вмро дпмне вели остануваат на ставот дека ова тело не е за помитување туку за порамнување.
- Поднесовме наш закон за амнестија и ако сакаат можат да учествуваат со амандмански измени во второ читање со цел подобрување на законскиот текст. Очиглледно и дека интенцијата за тоа тело не е помитување. Ние ќе го следиме целиот процес однадвор. Доколку се подготви закон за амнестија кој за нас е прифатлив и не е селективен, може ќе го подржиме, смета Никола Мицевски, координатор на ВМРО – ДПМНЕ.
Друга тема кој се наметна деновиве е дали притворите за Мијалков, Јанакиевски и Божиновски ќе го вратат чекор назад помирувањето. Дел од осумте пратеници преку медиумите испратија пораки дека притворањето не оди во корист на целиот процес но не беа децидни дали тоа ќе влијае врз гласањето за уставните измени. Пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец вели станува збор за два целосно различни процеси, кои не треба да се поврзуваат.
И додека телото за помирување ќе гради стратегија и конкретни чекори вмро дпмне ќе протестира. Најавува протести на 28-ми ноември годишнина од приведувањата за 27-ми април кој ќе зпаочне од плоштадот ВМРО до владата. ИК на ВМРО-ДПМНЕ одлучил во наредниот период да организира протести со кои како што велат ќе се застанат на патот на антинародната и криминална власт.
Елена Ивановска