Првиот парламентарен состав повика на гласање

Првиот парламентарен состав ги повика граѓаните да излезат на 30 септември и да го направат вистинскиот чекор во вистинско време. Направија паралела од времето кога се удриле темелите на нашата независност и се носеле државнички  одлуки. Историјата се повторува.

Поранешниот пратеник и член на ВМРО-ДПМНЕ Михаил Пановски е убеден дека Македонија нема друга алтернатива.

Првиот собраниски спикер Стојан Андов им порача на граѓаните да го сочуваат единството и со своите одлуки да го определат патот по кој ќе се движи земјата. Мухамед Халили од тогашната ПДП изрази надеж дека тие како уставотворци, имаат право да сугерираат на вољата на граѓаните.

Поранешните пратеници се надеваат дека во недела излезноста на референдумот ќе биде голема и тој ќе помине во демократска атмосфера.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ