Првиот милион евра за кампањата за референдумот стигна од Одбрана

Првиот милион евра, кој ќе може да се искористи за информирање и кампања за референдумот е најден. Ќе дојде од буџетот на Министерството за одбрана, изјави министерката Шекеринска. Таа денеска наведе дека тие пари ќе бидат насочувани кон Собранието затоа што тоа треба да биде главен актер за референдумот.

Од другите министерства засега нема јавни информации колку пари имаат да издвојат за референдумското изјаснување, како што владата побара на минатата седница. Од поголемите министерства нема конкретни детали, а според информациите на Телма МВР нема вишок на средства за издвојување. Поголем дел од министрите не одговорија на нашите повици. Нивните предлози владата ќе ги разгледа на седницата во среда наутро, вели Шекеринска. Собранието пак во среда треба да има координација на пратеничките групи за да се одлучи на кој начин ќе се води информативната кампања, бидејќи законски само Парламентот кој го распиша референдумот има право да врши пропаганда. И додека референдумот се приближува, во јавноста пред се по социјалните мрежи се шират лаги поради кои имаат за цел да го спречата напредокот на Македонија, тврди Шекеринска.

Министерката не сакаше да каже на кои структури мисли, и побара новинарите да ги истражат наводите поради се почестите информациски напади со лаги.

 

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ