
Први полимерни банкноти во Македонија од 15 мај во оптек
Од 15 мај се воведуваат полимерни банкноти во вредност од 10 и 50 денари, со што книжните со истата вредност веќе нема да бидат законско средство за плаќање.
После рокот тие ќе можат бесплатно да се заменат за други банкноти или ковани пари во еквивалентен износ во деловните банки во Република Македонија.
Од 15 мај годинава до 15 мај следната година, ќе можете да ја извршите замената во деловните банки во Република Македонија. Доколку и по 15 мај следната година поседувате книжни банкноти во апоенска вредност од 10 или 50 денари, ќе можете да ја извршите замената исклучиво во Народната банка на Република Македонија.