
Први ќе отворат автошколите, испитните центри и затворените трговски центри без ресторани
Комисијата за заразни болести предлага оваа недела да се вратат во функција центрите за едукација, обука, семинари на возрасни, организација на седници на органи за управување и конференции, авто школи и испитни центри, спортски тренинзи на отворено за индивидуални спортови, и затворени трговски центри без угостителска дејност, како и центрите за рехабилилитација на слух и говор.
Министерот за здравство информираше дека од следната недела ќе предложат да се отворат угостителските објекти со послужување, како и спортските тренинзи на отворено за колективните спортови.
Епидемиолошката анализа во неделата која што ќе следи ќе определи дали олабавувањето на мерките ќе води кон отворање на казината, затворени спортски базени, теретани и фитнес сали, рече Филипче.