
Првата социјална зграда се гради во Пробиштип
Изградбата на првата социјална зграда половично ќе го реши станбеното прашање на социјалците, но и на ивалидизираните лица и самохрани родители во Пробиштип.
Постојана социјална парична помош во овој рударски град земаат 43 семејства, но не се знае колкав е бројот на лицата со посебни потреби и самохрани родители, коишто по 18 месеци ќе можат да аплицираат за еден од 48 те станови.
Ова е првиот објект од проектот за изградба на 10 социјални згради, кој ги гради АД за станбен и деловен простор. Новите станови за социјално ранливите категории ќе се делат по нова формула.
Телма неколку пати информираше дека во социјалните згради на истокот има станови кои се држат под клуч од печалбари, коишто ги добиле како социјални случаи, но заминале во странство.
Во тек е теренската проверка, во овие згради.
Нови социјални згради на истокот ќе се градат во Виница, Свети Николе, Пехчево, а најголема во земјава ќе биде во Бутел со 312 станови
Викторија Јованова