Прва средба на Заев – Ципрас во Давос

Македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас се среќаваат во Давос, Швајцарија, на средба која се разговара за прашања за решавање на спорот околу името.

Ова е прва средба на двајцата премиери, која се случува во период кога и двајцата изјавуваат дека се оптимисти за решавање на 25-годишниот спор околу името.

За македонската Влада средбата претставува исчекор напред кон решение на спорот.

„Премиерот Заев неколку пати до сега истакна дека е оптимист дека помеѓу Македонија и Грција ќе се најде решение за спорот, со цел да се сочува достоинството на двете страни. Во оваа насока на денешната средба, сама средба претставува исчекор напред кон ршение. Во принцип сите овие елементи кои што ги наведов сметаме дека одат во позитивна насока и сметаме дека и во Атина и во Македонија има политичка волја ова прашање да се затвори“, изјави Миле Бошњаковски, портпарол на Валадата на Македонија.

На средбата присуствуваат и министрите за надворешни работи на двете земји Никос Коѕијас и Никола Димитров.

Двајцата премиери, како што објави Владата, дополнително ќе одлучат дали по средбата ќе имаат заедничка изјава за медиумите.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ