Прва сензација на мундијалот, Мексико го изненади шампионот Германија

Мексико направи сензација со триумфот над актуелниот првак Германија на четвртиот ден од Светското фудбалско првенство во Русија.

На „Лужники“ во Москва славеше со 1:0 во првото коло од групата Ф, а за сензацијата се погрижи Ирвинг Лозано кој погоди во 35 минута по аистанцијата на Чичарито.

Вториот меч од оваа конкуренција ќе се одигра утре, се среќаваат, Шведска – Јужна Кореја.

Србија ја забележа првата победа на мундијалот во Русија. На „Космос“ арената во Самара ги прокнижи трите многу важни бодови откако ја совлада Костарика со минимални 1 – 0, на отворањето на мечевите во групата Е. Стрелец на единствениот погодок беше Александар Коларов со одлична реализација од слободен удар во 56 минута.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ