
Прв случај на корона вирус во Македонија
Реистриран првиот случај на корона вирус во Македонија, потврдуваат за Телма извори од Министерството за здравство.
Станува збор запацинетка која во раните утрински часови била, околу 3 часот била хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести,
Позитивна е на Ковид 19 и таа е прв инфициран пациент во Скопје. Нема простор за паника, сместена на инфективна во одделот за изолација и се третира соодветно, порача министерот за здравство Венко Филипче.
Според него таа не претставува опасност затоа што според епидемиолошките анализи и нејзините одговори на прашањата укажале дека веќе еден месец била во Италија две недели е болна.
Се третирала во италијанска болница но таму не била тестирана на корона вирус. Инкубацијата е многу одамна помината и не претставувала опасност за патниците со кои патувала, рече Филипче.