Прв протест против загадениот воздух во Струмица

Струмичани денеска се собраа на плоштадот „Гоце Делчев“ и побараа конкретни мерки за енормната загаденост во градот. Сметаат дека ситуацијата не е само алармантна туку и животнозагрозувачка и дека нема време за губење.

Изминатата недела Струмица е еден од градовите со највисока концентрација на пм честички во воздухот, поради што и реакциите на граѓаните зачестија како и иницијативите за протест. Градоначалникот Јаневски вели  дека интенизвно ги гасифицираат јавните објекти а и инспекциите биле на терен за контрола на фабриките и домовите.

Овој е прв протест против аерозагадувањето во Струмица. Но организаторите велат дека ваквите собири ќе зачестат за да се сврти вниманието на јавноста  но и на институциите.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ