Прв политичар во мрежата на Рекетот

Обвинителството соопшти дека еден функционер е осомничен за измама затоа што му помагал на Бојан Јовановски-Боки 13 во мрежата на Меѓународниот сојуз во која се измамени две градежни фирми за 720 илјади евра.

 -Едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт, соопшти Обвинителството.

Во рамките на истрагата за рекетот двајца пратеници на СДСМ дадоа изјави како сведоци во обвинителството. Александар Кирацоски и Фросина Ременски-Ташевска беа на распит.

Кирацоски бил на средби на која претставници на меѓународниот сојуз се среќавале со градоначалничката на Битола каде се барани локации за старечки домови. Ременски пак беше и почесен претседател на Меѓународниот Сојуз.

Државниот обвинител Љупчо Јовевски кој денеска изјави дека е проширена истрагата и со неа се опфатени 5 лица и една невладина организација. Не сакаше да прецизира кои се осомничени, само кратко рече дека дел од нив биле веќе повикани и дале исказ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ