Прв пациент тргнат од респиратор во Македонија

Прв случај во Македонија на пациент кој е исклучен од респиратор и сега е во стабилна состојба. Станува збор за пациент роден 1983-та година, кој пред три недели бил примен во болницата „8 септември“ во тешка состојба од КОВИД 19. Неговата клиничка слика била сериозна и докторите морале да го стават на респираторна поддршка. Но, по 12 дена лекувањето е успешно и денеска претпладне е исклучен од респираторот, a пациентот е контактибилен, велат лекарите од ГОБ за Телма. Сепак, докорите ќе почекаат 24 часа за да ја потврдат стабилната состојба.

Денеска има осум нови случаи со Ковид 19, оздравен 21 пациент, еден починат. Починатата е 59-годишна жена од Тетово.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ