Прв државен натпревар за талентирани деца по информатика и роботика

Околу 100 талентирани ученици од девет до 16 години денеска беа дел од првиот државен натпревар „Прва лего лига“, којшто го организираше штипскиот Факултет за информатика. Десет тимови од земјава со изработка на роботи и роботски дизајн решаваа различни проблеми за астронауитите во вселената.

Севкупен шампион на натпреварот е екипата Space Walkers, од СТЕМ академијата во Скопје, кои се обидоа да ги заштитат космонаутите од дејството на радијацијата во вселената. Тие заедно со второпласираниот тим ROBO Adventures од основното училиште  „Свети  Кирил и Методиј” од Кочани, ќе ја преставуваат Македонија на регионалниот натпревар што ќе се одржи во Целје, Словенија, на 16 март 2019 година.

Натпреварите од оваа лига се организираат во цел свет, а  оваа година учествуваат околу 40.000 тимови од 98 земји.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ