
Проверка на имот за сите 600 судии-да се види како дошле во судството и што имаат сега
Прочистување, така на антикорупциската постапка за проверка на имотната состојба на 5-те судии меѓу кои и претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски гледа и претседателот на Здружението на судии и поранешната судијка во Стразбур. Добро е тоа прочистување за сите судии за да се види колкав имот заработиле преку судството, потенцира судијката Лазаровска- Трајкова.
Имињата на Вангеловски, екс претседателот на кривичен Владимир Панчевски, вишата управна судијка Светлана Костова која била и судија и вршела работи во УБК, поранешната претседателка на судскиот совет Александра Зафировска и судијката Софија Лаличиќ станаа важни за антикорупциска откако беа објавени во извештајот на Стејт департментот, иако како што вели Лазаровска имаше и многу новинарски извештаи со сомнежи за нивната работа. Судството и натаму бележи спор напредок, има лоша доверба од граѓаните кои сметаат дека има политичко влијание во судството, а тука се и заостанатите проблеми.
Во организација на здружението на судии денеска се одржа конференција токму за предизвиците на судството во пресрет на преговорите за ЕУ членство.
Миомир Серафиновиќ