„Прототема“: Грција на 1 јули нема да ги отвори аеродромите за девет држави, меѓу кои е и Македонија

Грција на 1 јули нема да ги отвори аеродромите за девет држави, меѓу кои е и Македонија, објави денеска грчкито весник „Прототема“. Повикувајќи се на свои извори, весникот наведува дека на 1 јули на грчко тло нема да можат да слетаат авиони кои доаѓаат од Велика Британија, Шведска, Америка, Русија, Израел, Катар, Обединети Арапски Емирати, Саудиска Аравија и Северна Македонија. Списокот се базира на податовите за ширењето на коронавирусит, како и врз епидемиолошките податоци.

Освен авионскиот собраќај Грција ги отвора и пристаништата за патнички сообраќај, но сите патници кои ќе стапнат на грчко тло по воздужен и морки пат ќе мора да пополнат електронска формулар со податоци за престој во земјата. Ќе се прават и тестови, а ќе има и хотели за карантин каде оние што ќе бидат позитивни ќе бидат во изолација 14 дена.

Претходно имаше најава дека на 1 јули ќе ги отвори границите за македонски граѓани. Засега нема информација дали освен за авионски превоз, по зголемувањето на бројките на заболени од коронавирус во земјава, таа ќе се најде и на листата за забрана за влез и по копнен пат во Грција.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ