Протоколите за гласање ќе ги променат локациите на повеќе избирачки места

Протоколите за гласање ќе ги променат локациите на повеќе избирачки места во земјава. Нема да се гласа во простории на месни заедници, продавници или државни објекти, кои се под  30 метри квадратни. Ова е со цел да има дистанца меѓу членовите на избирачките одбори и гласачите, ваквите збиени редови меѓу учесниците на изборите од претходните претседателски избори ќе бидат минато. Во штипскиот регион во тек е увидот на 77 те избирачки места, а според првичните информации дел од нив не ги задоволуваат здравствените протоколи за гласање и се бараат нови локации. Општинската изборна комисија ке добие и посебен  список на граѓани, кои поради коронавирусот ќе гласаат на 13 јули.

Во штипските избирачки одбори има над стотина здраствени работници, засега општинската изборна  комисија  нема информации дали  ќе бидат заменети со нови членови од админситрацијата.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ