
Протестот на матичните лекари одложен, не отстапуваат од барањата
Следната недела нема да има протест на матичните лекари, тие денска соопштија дека го одложуваат, но не отстапуваат од своите три клучни барања. На Министерството и фондот за здравство им даваат рок од две недели да формираат работни групи кои треба да ги надминат проблемите, и да се обезбеди квалитетна плата за докторите, за тие да не заминуваат од земјава. Клучните барања на Здружението на приватни доктори се пациентите да се водат на ординацијата, а лиценцата за работа во мрежа да биде на ПЗУ.
„Ако некој вработен си замине од младите доктори или некој почине, или отиде во пензија, автоматски се бришат пациентите, со самото бришење сопственикот има технички проблеми, бидејќи нема картички, огромен број картички се истечени, и сопственикопт не може да си ги префли пациентите, а и пациентоите имаат проблеми, не можат да добијат терапија, боледување и слично“, вели Чолакова.
Ова барање постои 7 години, но по сменети тројца министри, никако да се реализира, велат матичните. Барањето за лиценца во мрежа е заради фактот што доколку почине сопственикот на ординацијата, сите вработени остануваат на улуца, тоа не смее така да биде, туку на здравствениот бизнис мора да му се овозможи континуитет и да го продолжи неговото семејство, како што е во цела Европа.
Се бара и зголемување на капитациониот бод, кој во моментов изнесува 55 денари. Оваа Влада вети зголемување на бодот и очекуваме зборот да си е збор. Никој не бара бодот веднаш да биде 90 денари, но покачување мора да има, вели Чолакова.
„Советниците во сите Влади, 25 години, земаат од стат по 50 000 денасри плата, а во Источна Македонија нема народ, од 2001 нема промени во начинот на плаќањењ во примартното здравтсво“, вели Чолакова.
Доколку во следните две недели не се најде решение, Управниот одбор на здруѓението повторно ќе се состане за да донесе одлука, дали тогаш ќе стапи на сила еднодневниот протест во кој не би се издавале рецепти за хронично болните.
Министерот за здравство Венко Филипче на последната прес конференција рече дека ќе ги разгледа барањата на матичните лекари. Тие денеска му порачаа дека за барањата на 2000 лекари во земјава не сакаат кај него да влегуваат преку медиумите, туку тој да ги повика.
За тоа колку е алармантна состојбата со иселувањето на младите доктори го наведоа фактот што во секој град има по три паралелки за германски јазик, целосно составено од лекари кои планираат да заминат, а просечната старост на докторите во земјава е 56 години. Секојдневно се пензионираат лекари кои нема кој да ги наследи, па цели огромни региопни, како Богомила, Бузалково, Чашка, Извор и други, остануваат без лекари. Да не се доведеме во ситуација да нема кој да дијагностицира слепо црево и да се зголемува смртноста во земјава, туку младите лекари да останат овде, апелираат матичните лекари.
Нина Нинеска-Фиданоска