Протести за ослободување на притворените за крвавиот четврток

Слобода за патриотите. Ова е единственото барање на роднините и пријателите на притворените за крвавиот четврток кои денеска протестираа во Скопје. Бараат ослободување од притвор но и вина за настаните од 27-ми април во Собранието, бидејќи според нив осомничените за тероризам ја бранеле државата и уставниот поредок.

Од Вевчани најголем дел поддржувачи на притворениот пратеник Крсто Мукоски пристигнаа со автобуси пред Соборниот храм. Дел од демонстрантите беа и од патриотските здруженија кои ја даваат поддршката за осомничените од кои има и од овие здруженија.  Со протестен марш се упатија пред канцеларијата на Европската унија во Скопје, каде на демонстрантите им се придружија и тројцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Димовски, Милошоски и Вељановски.

36-мина се осомничени за настаните од крвавиот четврток меѓу кои има пратеници, организаторите на протестите, членови на патриотските здруженија, вработени во МВР. Дел од нив веќе неколку месеци се во куќен притвор, додека дел во затворот во Шутка.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ