
Протести пред Собранието поради ратификацијата на договорот со Грција
Ратификацијата во Собранието се очекува да ја следат и протести на кои повикаа демонстрантите кои синоќа продолжија со протестите пред законодавниот дом, а се против договорот со кој се решава долгогодишниот спор за името со Грција.
Но за разлика од претходниот ден, вчерашниот протест беше мирен и без инциденти, но со засилено полициско обезбедување.
Демонстрантите пееја патриотски песни, а пред граѓаните зборуваа Солза Грчева, Филип Петровски, Страшо Олумчев, Јанко Бачев и граѓани. Тие истакнаа дека не прифаќаат референдум за името и бараат оставки од пратениците на СДСМ, а од тие на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер да застанат со народот. Тоа го бараат и од полицијата. Тие во своите говори изразија разочараност од постигнатиот договор со Грција и разочараност од актуелната власт.