
Протест за стопирање на увоз на отпад
Со симболично седнување на улицата пред Собранието еко – акивистите го демонстрираа како што кажаа бесконечносто чекање на граѓаните за здрава животна средина.
Околу двесте луѓе се собраа на овој протест изреволтирани од тоа што законот за увоз на отпад и управување со отпад кој требаше да биде донесен по скратена постапка континуирано се одложува.
Според граѓаните ова е ургентен проблем и надлежните треба итно да го решат.
Инаку , организаторите на протестот „Петоци за иднината“ побараа средба со претседателот на Собранието Талат Џафери.
Од него бараа објаснување зошто законот кој требаше да се донесен на крајот на минатата година никако да дојде на ред на собраниските седнци.
Сепак очекувањата на еко активистите не се исполнија. Тие денеска највија голем протест наредниот петок.
Теодора Цветковска