
Протест за слобода на Абдулфета Алими
Слобода за Абдулфета Алими е главното барање на учесниците на протестот кој започна од споменикот на Скендер Бег. Таму им се придружи и пратеникот Зијадин Села кој повеќе пати до сега повтори дека животот му го должи на собранискиот обезбедувач Алими а со него беше и сопратиецот и градначалник на Гостивар Арбен Таравари.
И тие добија маици со ликот на Алими и сите заедно тргнаа во кон кривичниот суд извикувајки, правдата не е пазар, нема правда нема мир и тој што спасил живот не може да биде терорист
Додека кривичниот суд беше заштитен со кордон од полицајци демонстрантите упатија пораки дека од таму се дели селективна правда и во еден глас ги извикуваа имињата на сите обвинети кои беа амнестирани за крвавиот четврток почнувајки од пратениците.
Говори одржаа роднини на Алими мегу кои и неговиот син и неговата сопруга.
Побара лично од премиерот Заев да се заложи за Алими и потенцираа дека не бараат милост туку правда. Микрофонот го зема и поранешниот пратеник Хисни Шакири.
Судијката Добрила Кацарска уште при изрекувањето на пресудата рече дека олеснитлена околност за 7 годишната казна затвор за Алими била токму тоа што му помагнал на Села но дека претходно веке го сторил кривичното дело.
По претставката кај народниот правобранител дел од обвинети за 27 април поднеле претставка и до Хелсиншкиот комитет поради тоа што се во притвор во Шутка а се уште имаат и заложен имот.
Одбраната смета дека е преседан тоа што гаранцијата за имот останала а тие се веке во притвор
Еленa Ивановска – Мукоска