Протест „Време е за чист воздух“

Водно ќе го вратиме на скопјани Водно повторно ќе биде белите дробови на нашиот град, изјави градоначалникот Петре Шилегов за време на предизборната кампања за локалните избори. Ќе воведеме принцип на задолжително надоместување на изгубено зеленило заради изградба на нови објекти, тврдеше тогаш Шилегов.

Со овие снимки и говорот за време на предизборните кампањи граѓаните го потсетија Шилегов за сите тогашни заложби за справувањето со загадувањето и правото на секој на чист воздух. И овој протест покажа дека граѓаните се најгласни на социјалните мрежи каде присуството го најавија речиси 10.000 луѓе, но малкумина дојдоа, револтирано реагираа присутните.

Жалам што сите тие што ми се пријатели и познаници, па и тие кои не ги познавам не ја искористија оваа шанса да се потсетат на „шарените лаги“ и ветувања кои ги имаа Петре Шилегов, Зоран Заев, Никола Наумовски и останатите кои се ухлебија во власта, а не дојдоа да покажат дека и тие го имаат истиот став како и граѓанството.

Најмногу ми е жал дека оние со кои бевме лани и преклани и протестиравме против истата работа нешто ги нема ако се бориш за една кауза треба до крај да се бориш без оглед на партиска припадност. Мене многу ме разочара Буџетот кој не предвиди сериозни средства за загадување, изјавија демонстрантите.

Дислокација на големите индустрии кои се потенцијални загадувачи, задолжителни казни за оние кои немаат еко стандарди и јасна стратегија во справувањето со загадувањето се неопходни порачаа организаторите на протестот „Време е за чист воздух“.

Во буџетот мора да има доволно средства за да се справиме со загадувањето. Само еден и пол милион има моментално за екологија. Тоа е многу срамно дека повеќе пари трошат за нивните службени патувања и кејфови отколку за нас граѓаните, порача Александар Делчевски, еден од организаторите на протестот.

И покрај тоа што мерните станици не функционираат, веб апликациите секоја вечер покажуваат  сериозно надминување на дозволените граници на опасните ПМ честички. Во меѓувреме граѓаните се во интензивна потрага  по маски за заштита и алтернативни решенија се дури надлежните институции не го решат проблемот.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ