
Протест во Аеродром, граѓаните револтирани, Марин не ги исполнил ветувањата
Ваква реакција кај аеродромци испровоцира уништувањето на паркот кај Мајчин дом за да се гради висококатница. Жителите бараат да запрат градежните активности, а градоначалникот да поднесе оставка бидејќи им ветил дека таму нема да се гради. Два часа го блокираа булеварот Јане Сандански, и гласно му порачаа.
Градоначалникот Златко Марин, не планира да се повлече од функцијата. Тој тврди дека е невозможно е да го спречи спроведувањето на Деталниот урбанистички план кој тивко и без дебата го одобрил претходниот градоначалник.
Заштитната ограда околу градежното земјиште е поставена доцна навечер, кога нема многу раздвиженост во населбата. Ова уште толку го зголеми револтот кај граѓаните.
Неколку видеоснимки кои осамнаа на социјалните мрежи од багери кои пристигнуваат и ја уништуваат тревата и дрвјата на просторот пред Мајчин силно одекна во јавноста.
Реагираше и партијата ДОМ. Од таму сметаат дека има решение. Градоначалникот треба да направи ревизија на ДУП-овите.
Петар Догов