
Протест пред Собранието на „Бојкотирам за уставни измени“
Пред Собранието на Република Македонија вечерва се одржува протест, во организација на движењето „#Бојкотирам уставни промени“.
Барањата на движењето „#Бојкотирам“ се трајна заштита на името на Македонија, итно и безусловно запирање на процесот на уставни промени, почитување на домашното и меѓународното јавно право, распуштање на, како што велат, делегитимизираното Собрание, и распишување вонредни парламентарни избори и еднострано правно поништување на Преспански договор.
Движење „#Бојкотирам“ го најави потестот преку социјалните мрежи како натпартиски, сенароден и ненасилен. Ги повикаа сите учесници да се воздржат од провокации, навреди, вандализам. За граѓаните беше организиран превоз од повеќе градови од државата.