Протест пред Собрание – Полицијата ја растера толпата

Пред Собранието имаше околу 2.000 демонстранти. Околу 21 часот демонстрациите станаа насилни, оти демонстрантите почнаа да ја тргаат оградата и се обидоа да влезат во Собраниетo.
Полицијата употреби солзавец со цел да ја разбие гневната толпа која стана насилна.  Меѓу демонстрантите имаше и припадници на навивачки групи кои користеа пиротехника, фрлаа со петарди и факли. Дел од луѓето кои демонстрираа со предмети фрлаа кон полицијата.
Потоа интервенираа специјалните единици за справување со толпа.
Демонстрантите бараат да не се прифати договорот за решавање на спорот за името и упатуваа закани кон политичарите од Македонија.
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ