Протест на вработените во Секјуриком

Вработените 3 месеци не зеле плата, австрискиот газда обвинет за злоупотреби е недостапен, а од од владината служба за општи и заеднички работи креваат раменици. Педесетина работници од Секјуриком на протест пред владата бараа да се одблокира сметката на фирмата, која е замрзната поради судската истрага против сопственикот на Секјуриком Волфганг Гампер. Вработените велат пари имало но не можат да им ги исплатат.

Директорот на службата за општи и заеднички работи Пеце Мирчевски вели дека вработените тропаат на погрешна адреса и дека не можат да им помогнат. Судот а не владата е задолжена за блокирање и одблокирање на сметки вели Мирчески, кој потнецира дека 200 вработени веќе биле преземни од Фирмите Бапал и Серта кои ги добија милионските тендери за одржување и хигиена на владините објекти, кои претходно со години  беа во рацете на Секјуриком. Се уште не е правосилно завршен тендерот за обезбедување на владините објекти бидејќи има жалби од агенции за обезбедување.

Вработените велат газдата подолго време не го виделе. Зад камерата ни раскажаа дека се чувствуваат изиграно. Велат не можат да им обезбедат храна и прибор за училиште на своите деца.

За екс диркеторот на СОЗР Васе Доневски и за Гампер обвинителството неделава поднесе обвинение за злопуптреби со 11 милионскиот тендер, но австриецот од неодамна е недостапен. За разлика од Доневски тој не беше во притвор, Гампер се бранеше од слобода и не се знае кога и како ја напуштил државата.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ