Протест на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, посебен сообраќаен режим

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ  за  денеска попладне во 17 часот најави протест во центарот на Скопје, кој го организираат една година по приведувањето на лицата за собраниските инциденти од 27 април лани.

Поради протестот, што ќе почне од плоштадот ВМРО, а ќе заврши пред зградата на Владата, е воведен посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје.

Најавената релација на движење на учесниците на протестот е од плоштадот „ВМРО“, десно по улицата „Даме Груев“, право по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“ до пред зградата на  Владата.

Поради воведениот сообраќаен режим, Министерството за внатрешни работи упати апел до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ