
Протест на текстилните работнички за поголеми права
Ова е одговорот на текстилните работнички од источниот регион кои денеска за првпат во македонската историја протестираа за поголеми права, но и контра барањата на Кластерот за текстил.
Пред капијата на поранешниот моден гигант Астибо, а во кој сега се наоѓаат повеќе приватни текстилни фабрики работничките побараа повисоки плати, за пристоен живот, бидејќи во моментов како што велат заработуваат за леб и да си ги платат сметки.
Шивачките кои се над 50 години сметаат дека условите не се лоши за работа, но се против враќање на нормата, кратење на празниците и зголемување на работното време.
Прелеа чашата по последните барања на сопствениците сметаат од невладината Гласен Текстилец. Повикот за протест беше најавен како шега, но работничките на социјалните мрежи побараа да се одржи, за да работодавците и институциите им ги слушнат проблемите. Кристина Ампева од Гласен Текстилец смета дека е одличен бројот на работниците кои денеска излегоа да си ги кажат маките.
Работниците од најтекстилниот град во земјава најавија дека веќе се организираат да протестираа и во Скопје, но доставуваат и дополнителни барања во новиот закон за работни односи, како што е законски да не се работи во недела.
Викторија Јованова