Протест на сопствениците на педалинки во Струга

Сопствениците на педалинки во Струга, бараат градските власти да ја преиспитаат одлуката за забрана за користење на овие реквизити за рекреација на струшкото крајбрежје, што неодамна едногласно ја донесе советот на предлог на градоначалникот Рамиз Мерко, со образложение дека тие се небезбедни и причина за голем број давеници.

Одлуката на струшкиот совет е дискриминаторска и погодува ранлива категорија граѓани, велат сопствениците на педалинки, посочувајќи дека на многумина од нив издавањето педалинки им е единствен извор на егзистемција

Сопствениците на педалинки во Струга покренаа петиција за измена на одлуката за забрана што ја донесе советот, а доколку и тоа не ги предомисли градските власти најавија дека правдата ќе ја бараат на суд.

 

Горан Момироски

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ