Протест на шумската полиција поради лошите услови за работа

Вработените во шумската полиција денеска протестираа пред Министерството за земјоделство, од министерот Љупчо Николовски браат подобрување на условите во кои работат. Инсистираат да им се платат прекувремената работа и одењето во смени, како и итно да се потпише колективен договор. Се уште не го добиле и ветеното зголемување на платите. Ако во наредните недели не најдат заедничко решение за проблемите, најавуваат помасовни протести, а доколчку и тоа не вроди плод, ќе следува генерален штрајк, при што согласно законот, 50 отсто од вработените ќе одат на работа.

Од Министерството за земјоделство, пак, откако остварија средба со претставниците на синдикатот, соопштија дека на неа се разговарало за евиденцијата на прекувремените работни часови, кои ќе се докажуваат со записници за одземање на предмети и средства. Се дискутирало и за постапките пред другите надлежни органи, со што реално ќе се увиди потребата од прекувремени часови. До средината на мај се очекува да заврши процесот на преговори за потпишување на колективен договор, соопштија од Министерството за земјоделство.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ